Стопирале пијан возач, а лекарите потоа утврдиле дека неговото тело само произведува алкохол

Сподели со своите пријатели

Белгиски денеска пред судот во Бриж беше ослободен од обвинението за возење во пијана состојба бидејќи боледува од ретко пореметување познато како синдром АБС, кое предизвикува телото на заболениот сам да произведува алкохол.

Loading...

Неговиот адвокат, Ансе Гескиер, изјави за Ројтерс дека иако е „несреќна случајност што нејзиниот клиент работи во пиварница“, тројца лекари кои одделно го прегледале потврдиле дека тој боледува од АБС синдром.

Белгиските медиуми објавија дека претседателот на советот во образложението на пресудата нагласил дека обвинетиот, кој не е именуван согласно судската пракса, не почувствувал симптоми на алкохолна интоксикација.

Лиза Флорин, клинички биолог од белгиската болница Сент Лук, објасни дека луѓето кои страдаат од овој синдром произведуваат ист вид на алкохол како и во алкохолните пијалоци, но генерално значително помалку ги чувствуваат ефектите, пренесува Танјуг.