Ставил 4 душеци во багажникот, полицајците се зачудиле кога виделе како ги врзал

Сподели со своите пријатели

Полицијата во неделата на патот во германскиот град Кузел запрела возач на „опел корса“, кој превезувал четири душеци во отворениот багажник и ги „обезбедил“ ни повеќе ни помалку туку со кабел за мобилен телефон.

Loading...

– Оптимизмот на возачот немал граници. Полициска патрола забележала автомобил со товар на кружниот тек во улицата Гланштрасе. Од отворениот багажникот се гледале четири душеци.

 

 

При проверката полицијата забележала дека душеците се прицврстени со портокалова сајла само од едната страна. Можеле во секој момент да паднат на улица, се вели во полициското соопштение, пишува магазинот Феникс.

Полицијата му забранила на возачот да продолжи да вози, а сега му се заканува и парична казна.