„Ситница“: Илон Маск си заработи нови 775 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Илон Маск, извршниот директор на Тесла, награден е со  првата рата од 12 можни плаќања врз основа на постигнатите резултати, чија сума е измерена во стотици милиони долари.

Loading...

Според официјалните податоци, Маск заработил 1,7 милиони акции на Тесла во вредност од 775 милиони долари, покажуваат податоците на берзата од четвртокот.

„X Æ A-12 Musk“ е името кое Илон Маск му го даде на своето дете

Маск не добива плата за својата работа, но тој е сопственик на 18,5 проценти од компанијата. За да биде платен, тој мора да постигне одредени цели.

Првата цел, за „Тесла“ да има пазарна капитализација од повеќе од 100 милијарди долари за 30 дена по ред во шестмесечен период, како и да има промет од 20 милијарди долари во период од четири квартали, е успешно постигната.

Акционерите потврдија дека целите се исполнети и веруваат дека оваа исплата ќе дејствува како мотивација за побрзо постигнување на поставените цели.

Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

Сепак, не се задоволни сите големи акционери. Ричард Торнет ја тужеше компанијата за овој план за компензација, обвинувајќи го одборот на директори за кршење на основните должности со одобрување на пакет што неправедно носи големо богатство на директорот на компанијата.

Loading...

Leave a Reply