Српските хеликоптери утрово со 21 налет над Дренак испуштиле 25 тони вода (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Хеликоптерите на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, кои беа ангажирани за гаснење на пожарот во селото Дренак во општината Старо Нагоричане, од утрово имале 21 налет и испуштиле околу 25 тони вода.

Loading...

 

 

– По наредба на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, четири хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, три противпожарни, од кои два „бел“ и Х-145 се испратени да им помогнат на колегите од Северна Македонија и населението, додека четвртиот „газела” се користи за извидување и насочување, стои во објавата на српското Министерство за внатрешни работи.

 

 

Loading...

Инаку пожарот во Дренак е изгаснат, но постои опасност од негово повторно разгорување. Изгорени се 14 куќи и селското училиште.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply