14 куќи и училиште изгореа во Дренак, пожарот локализиран

Сподели со своите пријатели

Пожарот во селото Дренак во општината Старо Нагоричане кон Отошница – општина Ранковце, моментално е локализиран, но постои  опасност од повторно активирање, информираат од Центарот за управување со кризи.

Loading...

За таа цел, велат оттаму е неопходен  постојан надзор и контрола од шумски работници на ЈП НШ подружница Куманово.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 13 војници и 7 пожарникари од општина Ранковце.

Околу 07:30 испратени биле и четири  хеликоптери од Република Србија и 25 војници од кои 13 во селото Дренак а 12 во селото Вржогрнци – општина Ранковце.

Од вчера до сега во селото Дренак изгореле 14 куќи и 1 школо.

Шумски пожар во почетна фаза има во реонот на селото Алинце кон селото Брешко. Екипите се упатени на терен, велат од ЦУК.

Никола Ивановски

Leave a Reply