Средношколци ја тужат владата поради „украдени“ 90 секунди од нивниот приемен испит

Сподели со своите пријатели

Група јужнокорејски средношколци и потенцијални бруцоши бараат од државата отштета од 15.400 долари по лице бидејќи нивниот приемен испит завршил 90 секунди порано.

Loading...

Висината на надоместокот одговара на трошоците за една година студирање за да може повторно да го полагате приемниот испит, јавува Би-Би-Си.

Suneung, приемен испит кој со текот на времето стана познат по својата тешкотија, трае осум часа за време на кои повеќе предмети се полагаат без пауза.

Приемниот испит во Јужна Кореја е еден од најтешките испити во светот, а влогот е многу голем, бидејќи успехот во него го одредува не само пласманот на листите на универзитетите и работните места за кои ќе можат да се пријават, туку дури и идни врски.

Колку е важен денот на приемниот испит говори и фактот дека се преземаат сите мерки за да им се помогне на идните бруцоши да се концентрираат, како затворање на воздушниот простор и одложување на отворањето на берзата.

Резултатите од овогодинешниот испит ќе бидат објавени на 8 декември.

Не е прв пат

Во тужбата поднесена од 39 студенти се наведува дека ѕвоното предвреме заѕвонило за време на нивниот прв предмет – корејски.

Иако многумина веднаш се пожалиле, надзорниците им ги одзеле тестовите.

Loading...

Подоцна и професорите признале дека имало грешка, а учениците тврдат дека биле толку вознемирени што не можеле да се концентрираат на остатокот од испитот.

Некои од нив дури се откажале и си заминале дома, наведува агенцијата Јонхап.

Адвокатот на студентот, Ким Ву-сук, за медиумите изјави дека образовните власти се уште не се извиниле.

Јавниот сервис КБС известува дека одговорниот надзорник направил грешка додека гледал во часовникот.

Инаку, ова не е првпат студентите да тужат поради прерано ѕвонење на ѕвончето.

Во април, судот во Сеул им додели по 5.250 долари на студенти кои тврдеа дека биле повредени затоа што нивниот испит во 2021 година бил пократок за две минути.

Казната за слични случаи може да биде уште поголема. Во Кина, во 2012 година, на еден надзорник му беше изречена условна затворска казна од една година затоа што ѕвонел четири минути и 48 секунди порано за време на националниот приемен испит во провинцијата Хунан.