Србите во Куманово утре ќе одбележат 19 години од НАТО агресијата врз СРЈ

Сподели со своите пријатели

По повод 19 години од почеток на НАТО агесијата врз поранешната Сојузна Република Југославија, Демократска партија на србите во Македонија и Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово, утре со почеток од 11 часот во црквата „Св.Троица“ во Куманово, ќе го одбележат овој настан со палење на свеќи во чест на трагично загинатите цивили и војници во оваа агресија.

Бомбардирањето на НАТО врз Сојузна Република Југославија (Операција „Сојузничка сила“, анг. Operation Allied Force) е воена операција што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.

 

Loading...

 

При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

 

 

НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно,со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации,каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, истотака ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ,иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони.

Leave a Reply