Спречен обид за шверц на ламинат и мебел од ЦИ Куманово

Сподели со своите пријатели

Царинската испостава Куманово спречила обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Македонија, во контролите извршени за влез и излез од државата на товарни моторни возила минатата недела бил спречен шверц на мебел и ламинат.

– Увозник сакал да избегне плаќање царински давачки на производи вредни 273 илјади денари која се обидел да ја прошверцува помеѓу стока која ја пријавил за увозно царинење. Во намерата е спречен од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги кој при контрола на товарно возило на Царинска испостава Куманово утврдил вишок стока меѓу која 500 метри квадратни ламинат и 43 парчиња мебел, стои во соопштението на Управата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

Како што додаваат оттаму стоката е запленета, а поднесени се и прекршочни пријави.

Никола Ивановски