СпејсИкс би можел да стане највредниот стартап во светот

Сподели со своите пријатели

СпејсИкс одлучи да ги продаде своите акции на секундарниот пазар, а проценетата вредност на оваа приватна компанија може да надмине 125 милијарди долари.

Loading...

Илон Маск е најбогатиот човек на светот, а се чини дека неговиот СпејсИкс наскоро ќе стане највредниот стартап во светот. Моментално највреден стартап е Stripe чија проценета вредност е 115 милијарди долари, но како што објавија на Ројтерс, вредноста на СпејсИкс би можела да се зголеми на повеќе од 125 милијарди долари.

Цената на акциите на секундарниот пазар се зголеми од 56 долари колку што беше во октомври минатата година кога компанијата беше проценета на 100 милијарди долари, на 72 долари колку што е денес.

 

 

 

Ројтерс вели дека СпејсИкс не понудил нови акции на секундарниот пазар, но им дава до знаење на инвеститорите дека тоа би можеле да го направат подоцна оваа година.

Loading...

Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата. Како што истакнуваат експертите, не е невообичаено приватните компании со висока вредност понекогаш да ги нудат своите акции на секундарниот пазар за да обезбедат ликвидност за раните инвеститори и вработени.

Илон Маск има најголем удел во СпејсИкс – дури 44 отсто од компанијата, но не е познато дали и тој е меѓу продавачите на акциите на компанијата. Маск моментално се обидува да го купи Твитер за дури 44 милијарди долари (иако стави до знаење дека би можел да ја намали понудата поради лажни профили), па јасно е дека парите му требаат.

Ројтерс испрати барање до СпејсИкс за продажба на акции на секундарниот пазар, но компанијата на Маск (се уште) не одговорила.