Спасовски: Не сум приврзаник на идејата за карантин

Сподели со своите пријатели

Премиерот Оливер Спасовски не е приврзаник на идејата за најстроги блокади како карантинот кој локалните власти го бараат за Куманово, но сепак остава простор ако стручните лица проценат дека тоа ќе стави крај на ширењето на коронавирусот таква мерка ќе се донесе.

Loading...

– Јас да ви кажам искрено не сум многу приврзаник на такви најстроги блокади заради тоа што компарација Дебар и Куманово, 9.000 и 120.000 жители не е иста, меѓутоа ќе дискутираме на овие прашања, во однос на 24-часовно затворање на Куманово, ако е тоа мерка која што ќе ја кажат епидемиолозите и стручните луѓе ќе ја донесеме и таа мерка се со цел да го заштитиме здравјето и животот на луѓето, рече Спасовски.

Граѓаните ќе бидат информирани веднаш кога ќе се донесе одлуката, вели Спасовски, бидејќи граѓаните не може да очекуваат одлуките да се носат редовно, бидејќи состојбата е вонредна.

– Одлуките кога ќе се донесат ќе бидат информирани граѓаните, тука нема неизвезност, ова е вонредна состојба и не може да очекуваме дека редовно ќе течат одлуките и ќе се носат како што ние очекуваме. Граѓаните едно треба да прават, да ги почитуваат одлуките, да држат социјална дистанца и заеднички да допринесат за да се намали оваа состојба која ја имаме. Одлуките ќе ги носиме на Влада, затоа сме денеска тука, ќе ги слушнеме аргументите на стручните луѓе, ги имаме предвид и барањата на Општинскиот штаб во однос на 14-дневниот карантин за Куманово и ако тоа е најдобра мерка тоа ќе го направиме, изјави Спасовски.

Инаку премиерот Спасовски, претседателот на Централниот кризен штаб при Владата Бујар Османи и градоначалникот Максим Димитриевски денеска на состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе ги разгледаат сите аргунемнти и препораки како да се стави крај на ширењето на коронавирусот од кој Куманово е најпогоден град во државата.

Никола Ивановски

Leave a Reply