Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи 40. седница

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во големата сала во зградата на поранешен комитет ќе ја одржи својата 40та седница.

Loading...

На Дневен ред ќе се најдат четири точки, сите поврзани со моменталната состојба со пандемијата на коронавирусот.

Во продолжение целосниот дневен ред.

– Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;

– Предлог – Одлука за обезбедување на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема, средства за дезинфекција и храна за потреби на Општина Куманово;

– Предлог – Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;

– Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply