Сопствениците шокирани откако женка булдог родила кученце со зелено крзно

Сподели со своите пријатели

Тревор Мошер и Аудра Рис биле возбудени што ќе добијат кученца. Но, вистинската возбуда дошла  дури кога започнало породувањето. Кучката родила седум кученца, од кои едно е навистина посебно. Имено, женското кученце од нејзиното легло имало зелено крзно.

Loading...

 

 

 

„Добивме неколку идеи за имиња како Hulkette, Fiona, Wasabi, Lucky Irish, Pistachio, има ли уште?  прашала Аудра на Фејсбук со фотографии од кученцето кое подоцна го добило името Фиона, по принцезата од филмот Шрек.

 

Loading...

 

Иако е редок, овој феномен се јавува кога неродените кученца ќе дојдат во контакт со зелениот пигмент кој се наоѓа во жолчката, пренесува CNN. Зелената боја избледува со текот на времето.