Сончево со мала до умерена облачност, од утре повторно врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 9  до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 2 степени во утринските часови до максимални дневни девет степени.

Во среда повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Leave a Reply