Сончево до умерено облачно, од утре нови врнежи

Сподели со своите пријатели

Во текот на денот во Македонија времето ќе биде сончево со мала облачност и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, односно северозапад.

Температурата во кумановско во утринските часови изнесуваше три степени под нулата, а во текот на денот се очекува да достигне максимални три степени во позитива.

Според УХМР, од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и во недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а во сабота ветерот ќе биде силен.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply