Сомалиските безбедносни сили ги неутрализираа милитантите на Ал Шабаб кои го нападнаа хотелот

Сподели со своите пријатели

Безбедносните сили на Сомалија ги „неутрализираа“ припадниците на милитантната група Ал Шабаб кои го нападнаа познатиот хотел „Сил“, веднаш до претседателската палата, пренесува Ројтерс.

Loading...

Членови на таа група и претходно го нападнаа тој хотел, кој често го посетуваат државни функционери, а во овој напад беа повредени четворица пратеници од сомалискиот парламент, јавува Би-би-си.

Нападот бил извршен кога бомба го уништила ѕидот на хотелот низ кој минувале напаѓачите, а полицаецот Абдирахим Јусуф изјавил дека сите „терористи се убиени“ и дека „ситуацијата се нормализира“, пренесува Al Arabiya News.

Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, води бунт против сомалиската влада од 2006 година во обид да воспостави сопствено владеење, врз основа на строго толкување на исламскиот шеријатски закон, пренесува Танјуг.