Со полициска асистенција се урива објектот пред Центарот за култура во Куманово

Сподели со своите пријатели

Угостителскиот објект лоциран пред Центарот за култура во Куманово од рано утринава се урива со полициска асистенција.

Loading...

Како што велат од локалната самоуправа објектот е изграден пред повеќе од 15 години, а откако на сопственикот му било издадено решение по кое не постапил во законски предвидениот рок, следува уривањето.

Сопственикот Ивица Божиновски до нашата редакција достави документи со одобренија за поставување на времените објекти, а како што вели од градоначалникот Максим Димитриевски побарал одложување на решението во рок од 90 дена, но како што вели не наишол на разбирање.

– Имам уредна документација и од поранешниот градоначалник Ковачевски за уредување на градежно земјиште и урбана опрема и од Министерството за транспорт и врски за поставување на шанк. Дваесет години живеам под кирија, а во млади спортски таленти инвестивар половина милион евра. Сега подготвуваме спортски турнир од меѓународен карактер и ми беа потребни парите, сакав да излезам во пресрет на решението и затоа го замолив градоначалникот за разбирање на кое не наидов, изјави Божиновски.

Loading...

Градоначалникот Димитриевски претходно најави отстранување на дел од угостителските објекти во градот за кои вели дека немаат уредна документација, па така веќе отстранет е дел од угостителски објект во Диво насеље, а други два објекти сами ги регулирале недостатоците по издадените решенија од локалната инспекција.

Leave a Reply