Со пакет вода, шампон и пешкир советникот Муадини побара пауза за капење

Сподели со своите пријатели

Членот на Советот на Општина Куманово Осама Муадини на денешната 31ва седница на Советот побара еден час пауза за да оди да се искапе и измие, а за таа цел со себе носеше пешкир, шампон и пакет вода, кои ги покажа пред своите колеги, но и целокупната јавност преку директниот пренос.

Loading...

Како што рече советникот Муадини тоа го прави како знак на протест, бидејќи улицата каде што живее 12 дена била без вода поради дефект.

Претседателката на Советот, Атина Мургашанска ги повика сите членови на Советот да не прават циркус од седницата и се огради од кршење на деловникот и законите од страна на сите советници.

Пауза советникот Муадини доби, но не од еден, туку од половина час, а неговото барање го поддржаа и неколку други советници од опозицијата. Сепак му излегоа во пресрет и мнозинството колеги па овој проблем ќе се најде како дел на дневниот ред.

Од друга страна советниците на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на своите лап топ компјутери ги имаат налепниците со сонцето од Вергина.

Leave a Reply