Со кого најмногу сака да се бакнува Федерика Могерини? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, беше домаќин на проштална работна вечера во Брисел за лидерите на Западен Балкан.

Loading...

На сребдата присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот Александар Вучиќ, косовскиот Хашим Тачи, црногорскиот претседател Мило Џукановиќ, и сите тројца членови на Претседателството на БиХ, Џељко Комшиќ, Милорад Додик и Сефик Џаферовиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама не можел да присуствува на вечерата поради обврските.

Додека сите гости се ракуваа со Федерика Могерини, таа само направи срдечен бакнеж со Тачи.

На тоа одговори Вучиќ, велејќи: „Хашим, Федерика најмногу сака да се бакнува со тебе“.

По неколку секунди тој додаде „Тачи се преправа дека не го разбира српскиот јазик“

Leave a Reply