Со фестивал отворен реновираниот хотел „Солун“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фестивалот „Урбан начин на живеење како културно наследство”  се одржa вчеравечер на градскиот плоштад,  по повод свеченото отворање на реновираните простории на поранешен Хотел „Солун”.

Loading...

 

 

Бенефитот од реализацијата на овој проект е повеќекратен, рече во своето обраќање вчеравечер Александар Крстевски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.

 

 

Loading...

– Вклучува подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природно и културно наследство. Настанот го реализираме во веќе реновиораниот објект на поранешен Хотел „Солун“ чија конзервација и реновирање е исто така дел од активноста на проектот „Фестивал на рубан начин на живеење како културно наследство“, рече Крстевски.

 

 

Како што појасни тој, првиот кат е предвиден како повеќенаменски простор, а вториот ќе биде административен дел за секторите при општината.

На фестивалот кој подоцна се одржа на градскиот плоштад настапија Мартинијан Кириловски, Radiostage, 1300 Records,  Сандра Милковска, Нино Величковски, Младински оркестар при центар за култура и Маргица Антевска.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...