Со дрвена палка кумановец ограбил обложувалница

Сподели со своите пријатели

Кумановското Основно јавно обвинителство поведе постапка за кумановец осомничен дека извршил разбојништво.

Loading...

Во обложувалница на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, на 21ви декември, осомничениот влегол со дрвена палка и му се заканил на вработениот дека ќе го убие ако не му даде 1.000 евра.

– Оштетениот, исплашен за својот живот, заедно со осомничениот влегол зад пултот, ја отворил касата и му го предал целокупниот промет во износ од 7.000 денари. Осомничениот со парите веднаш избегал од местото, стои во соопштението на ОЈО Куманово.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднел предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело со оглед на тоа дека се работи за лице кое претходно е осудувано за истородни кривични дела против имотот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

Никола Ивановски