Со „БМВ“ летал 300 километри на час и се снимал за ТикТок, полицијата го пронајде и казни

Сподели со своите пријатели

Возел 300 километри на час, па со видеото се пофалил на ТикТок, 24-годишен тетовец сега доби и казна од 400 евра од полицијата.

Loading...

– Вчера (18.02.2021) полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.

Никола Ивановски

Leave a Reply