Со блутут апликација го хакирал системот и украл 3.000 литри гориво

Сподели со своите пријатели

Околу 3.000 литри бензин (800 галони) биле пријавени за украдени на бензинска пумпа во Детроит.

Loading...

Според нив, крадецот користел блутут апликација на мобилен телефон за да упадне во системот на пумпата.

– Можат да земат гас колку што сакаат и да дозволат и други возила да пумпаат гас – изјави сопственикот на пумпата за Fox Business.

Вредноста на украденото гориво е 3.000 долари (околу 2.800 евра).

Како што дополнително објаснува сопственикот на пумпата, кога ќе се случат вакви работи, рацете практично им се врзани.

– Мораме да ги исклучиме сите пумпи – додава тој.

Просечната цена за галон гас во Мичиген во петокот беше околу 3,65 долари.