Со 42 поени разлика КК Куманово ги победи кошаркарите на Бест (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во рамките на 21-то коло од домашната кошаркарска лига Кошаркарскиот клуб Куманово вчеравечер со 42 поени разлика ги совлада играчите на КК Бест од Гевгелија, односно со резултат 115:73.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”324″]

 

Апсолутната доминација за кумановци овозможи запишување на 14-та победа оваа сезона во првентсвото, а секако предводени од Трајковски и Сомоновски без проблеми го полнеа кошот на гостинот, па веќе на полувремето имаа предност од 29 поени (57:28) која до крајот само постојатно растеше.

 

 

Со 28 поени и 14 скокови, остварувајќи дабл-дабл ефект во редовите на КК Куманово најусптешен беше Трајковски, а веднаш зад него со 22 Симоновски и Караџовски со 10 поени и 10 асистенции.

Одлична игра во последните неколку минути покажа и помладиот состав на клубот, кој остави надеж дека кошарката во Куманово има иднина.