Снимка што ќе ве расплаче: Глуво девојче за прв пат го слуша гласот на родителите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ешли Инголд, мајка на 10-месечното девојче Марли, решила на интернет да сподели еден од најтрогателните моменти во своето семејство.

Loading...

Имено, кога се родила нејзината ќерка, ѝ била дијагностицирана глувост на двете уши, а 10 месеци подоцна ѝ била вградена вештачка кохлеа, односно кохлеарен имплант.

Тогаш за прв пат конечно добила шанса да слушне како всушност звучат нејзините родители, а мама Ешли објави трогателно видео на Инстаграм, каде често објавува се што е поврзано со здравјето на нејзиното девојче.

Реакцијата на Марли кога првпат го слушна татко ѝ како ја повикува, а потоа ги слушна нејзините родители како ѝ пеат песна беше преслатка, а девојчето веднаш почна да се смее.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАРАТИСТ ПРЕТЕПА МЕЧКА: Со удар ја натерал да побегне и и ја спасил главата

„Не знам како да го опишам ова чувство со зборови. Бевме среќни и возбудени што ќе нѐ слушне, што конечно ќе добиеме некаква реакција од неа. Бевме воодушевени кога толку многу не расположи, ова е без сомнение еден од најубавите денови во нашите животи“, изјави пресреќната мајка за Kidspot.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marlee Meg Ingold (@marlee.meg_hears)