Снимен мистериозен објект на темната страна на Месечината (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во петокот, новинарот Ендрју Џонс објави фотографија на својот Твитер профил на која се гледа „зграда со коцка“ направена од камерата на кинескиот ровер на приближно 80 километри од возилото.

Loading...

Доколку се оди според планот, светската јавност наскоро би требало да добие повратна информација за она што кинескиот ровер „Јута-2“ го откри на таканаречената темна страна на Месечината.

Имено, новинарот Ендрју Џонс во петокот на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа „зграда со коцка“ направена од камерата на споменатиот ровер на приближно 80 километри од возилото.

Структурата во кинеските медиуми веднаш беше наречена „мистична куќа“, а особено ја разбуди имагинацијата на оние кои се надеваат дека конечно ќе добиеме потврда дека природниот сателит на Земјата го користат и вонземјани.

Иако многу љубители на НЛО со години шпекулираат дека вонземјаните имаат бази поставени на темната страна на Месечината, Џонс смета дека ќе бидат разочарани од фотографиите што роверот ќе ги испрати наскоро.

„Тешко е да се забележи од сликата, но верувам дека тоа не е обелиск или зграда на вонземјани“, напиша тој со фотографијата, истакнувајќи дека пред неколку години за време на мисијата Chang’e-3, бил забележан камен кој исто така дал имагинација од далечина.

 

Loading...