„Смртта на мајка ми е најдоброто нешто што ми се случило”: Мајк Тајсон со шокантна изјава го разочара светот

Сподели со своите пријатели

Многубројните скандали отсекогаш биле поврзувани со веројатно најдобриот боксер на сите времиња, Мајк Тајсон. Многумина од нив скапо ги плати, но овој пат направи нешто што ги згрози дури и оние кои не слушнале за него. Мајк изјави во подкаст дека една од најдобрите работи во неговиот живот била смртта на неговата мајка.

Loading...

– Една од најдобрите работи што ми се случија беше смртта на мајка ми. Таа секогаш се грижеше за мене како бебе, никогаш немаше да се впуштам во улични тепачки, никогаш не би се бранел – рекол Тајсон во еден од подкастите, додавајќи дека никогаш не би направил кариера во боксот доколку тоа не се случеше.

 

 

Мајката на Тајсон почина кога најмладиот шампион во тешка категорија во историјата имаше само 16 години, а неговиот тогашен тренер Кус Дамато го доби старателството.

– На 14 години мислев дека можам да бидам светски шампион. Победував национални првенства, соборував рекорди со нокаут… Кога станав професионалец, целиот мој живот се промени и освоив се.

Во последниве години, Тајсон се обидува да го подигне бизнисот со медицинска марихуана на високо ниво.

Loading...

– Почнав да користам марихуана во 1997 година. и оттогаш не можам да престанам. Отсекогаш ги знаев нејзините придобивки, но беше незаконски. Јас сум друга личност кога не ја користам. Моите најголеми сили се моите недостатоци. Без нив јас сум ништо. Нема проблеми со маани, само ако не знаете дека ги имате – изјави Тајсон.