Слупчане доби струја, но кој ќе го плати украденото? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Липковското село Слупчане денеска доби повторно струја, откако вчера беше исклучена поради енормни кражби на истата, јавува агенцијата Макфас.

Loading...

Мештаните на селото вчеравечер го блокираа патот палејќи гуми и не дозволувајќи ЕВН да влезе во селото да го санира дефектот.

Денеска тензиите се смирија откако реагираа министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково Еркан Арифи.

Од Електродистрибуција уверуваат дека ќе се нормализира снабдувањето, бидејќи Бектеши и Арифи гарантирале дека никој нема да ги попречува екипите.

Од ЕВН тврдат дека оваа село масовно краде струја, дури 80 отсто од целосната потрошувачка не се наплаќа. Но, и покрај тоа денеска тие повторно добија струја.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека сите мора да плаќаат струја.

– Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме, кажа во изјава за медиумите министерот за економија Бектеши.

Сепак нема информација кој ќе ја плати досега украдената електрична енергија, а останува да се види и дали слупчанци ќе го послушаат министерот и во иднина ќе плаќаат за потрошеното.

Loading...

 

Никола Ивановски