Слупчане без струја поради неконтролирани кражби, мештаните го запалија влезот на селото (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ем крадат струја, ем не дозволуваат ЕВН да го поправи дефектот настанат од неконтролираното крадење. Вака може да се опише состојбата во липковско Слупчане, чии мештани вчеравечер го запалија влезот на селото.

Loading...

Со палење гуми мештаните сакале да ги спречат екипите на ЕВН да влезат во Слупчане.

Од компанијата велат дека селото се соочува со прекини на електрична енергија како резултат на континуирани кражби од страна на жителите.

Во соопштението за медиуми, ЕВН, се поали дека постојано имаат проблемии закани од мештаните и дека не постојат услови за извршување на нивните работни задачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Дефектот, велат оттаму, нема да се санира додека не добијат цврсти гаранции за непречена работа.

Од компанијата наведуваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, не постојат услови за нормално извршување на работите и дека поради неовластено користење на струјата од страна на мештаните се оптоварува мрежата што предизвикува големи дефекти.

– Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот” наведуваат од Електродистрибуција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Од ЕВН додаваат дека кражбите на струја во селото се огромни и дека дури 80% од струјата не се наплаќа.

Loading...

Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираат дека во период од 00:15 до 01:15 ласот утринава, пожарникарите на ТППЕ Куманово го изгаснале предизвиканиот пожар.

 

Никола Ивановски