СЛУЧАЈ МОНСТРУМ: Три доживотни казни затвор, но двајца од осудените веќе се во бегство

Сподели со своите пријатели

Доживотна казна затвор за случајот „Монструм“ денеска им беше изречена на Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Африм Исмаиловиќ кои се прогласени за виновни за кривичното дело тероризам.

Loading...

Хаки Азири е осуден на затвор од девет години виновен за две кривични дела за помагање , а Фејзи Азири виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело на 15 години затвор.

Од обвинението се ослободува Сами Лута, поради недостаток на докази.

Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток кога беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Сепак Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои добија доживотна казна затвор, се во бегство во Косово и со години косовските власти не ги екстрадираат.

„Заедничко за сите обвинети е околноста што постои опасност од нивно бегство, а првообвинетиот Алил Демири и второобвинетиот Африм Исмаиловиќ веќе девет години и се во бегство, за обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ нема ниту потреба, за нив постои решение за определување на мерка притвор“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи бара притвор и за Хаки и Фејзи Азири поради опасност од бегство.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply