Следува период на пораст на сончево време со благ раст на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северните планински подрачја ќе провејува слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со кратки сончеви периди, но и со услови за провејување на слаб снег. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -8 степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да се искачи до вториот степен.

 

Loading...

 

Следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, додека максималните дневни ќе бидат во благ пораст.

 

Никола Ивановски