Складиштата за гас во Австрија полни над 90 проценти

Сподели со своите пријатели

Екстремно благите температури во октомври ѝ овозможија на Австрија значително да го зголеми полнењето на капацитетите за складирање гас.

Loading...

Сегашниот капацитет за складирање на гас во Австрија е повеќе од 90 отсто, а целта на владата беше до 1 ноември да достигне капацитет од над 80 отсто.

Пополнувањето на магацинот над посакуваната цел беше возможно бидејќи поради невообичаено топлиот октомври граѓаните не мораа да се греат и со тоа да трошат гас.

Во моментов, според податоците на Министерството за енергетика, се складирани 87,9 терават часови гас, а годишната потрошувачка на Австрија е околу 90 терават часови.

Полни магацини се и причината поради која цената на гасот се намали на меѓународните пазари.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.