Силен земјотрес регистриран во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди денеска централниот регион Сулавеси во Индонезија.

Loading...

За земјотресот јави и Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG).

Според досегашните податоци, во земјотресот нема загинати, а не е забележана ниту материјална штета, додава БМКГ, пренесува агенцијата ВНА.

Земјотресот се случил во 13:02 часот по локално време, а неговиот епицентар бил на 30 километри југоисточно од областа Париџи Мутонг, на длабочина од 87 километри.