Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на морето Банди во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, Индонезија и на длабочина од 146 километри, додава EMSC.

Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ), пренесува Ројтерс.