Што да јадете пред и после вежбање?

Сподели со своите пријатели

Шеќерите се основното движечко гориво на вашите мускули. Консумирањето јаглехидрати и течности пред и за време на тренингот го одредува и неговиот интензитет. Оние што тренираат повеќе пати неделно, подолго од еден час, нема да ја добијат потребна енергија со консумирање само слатки сокови, туку ќе мора да ја вклучат и исхраната. Може да изедете сендвич, бидејќи тој е извор на примарни јаглехидрати, кои согоруваат за време на физичката активност, а на телото му помагаат да го одржи енергетскиот баланс и да ја изгради мускулната маса.

ПРОТЕИНИ ПО ВЕЖБАЊЕТО

Протеините ја обликуваат  снагата и цврстината на телото, а првенствено имаат улога да ги закрепнат мускулите по тренингот. Затоа би требало да се консумираат веќе еден час по вежбањето. Количеството протеини треба да биде умерено, а лице со просечна тежина би требало да консумира 0,8 г по килограм.

За илустрација, само 100 грама пилешки гради содржат 30 грама протеини, а многу малку масти.