Што би направил Бил Гејтс кога би живеел со два долари на ден?!

Сподели со своите пријатели

Една работа на светот е сигурна – Бил Гејтс веќе никогаш во животот не мора да се грижи дали ќе има пари.

Loading...

Но, човекот чие богатство моментално се проценува на нешто повеќе од 102 милијарди долари, често размислува на тоа како е да се живее во екстремна сиромаштија – во каква живеат речиси една милијарда луѓе на светот.

Како Бил Гејтс стана „главен виновник за пандемијата“?

На својот блог тој во една прилика откри што би направил кога на располагање би имал само два долари дневно.

„Да живееш со два долари на ден, што би направил за да ги подобриш своите услови за живот?”

„Тоа е вистинското прашање за речиси милијарда луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија. Не постои еден единствен точен одговор секако, а сиромаштијата е различна на различни места. Но, преку мојата работа со фондацијата, запознав многу луѓе кои одгледуваат кокошки и научив многу за овие птици (како момче од град, од Сиетл поточно, морав да научам). Јасно ми е дека секој кој живее во тешка сиромаштија, многу е подобро ако има кокошки.

Светот има помалку милијардери годинава, но Безос и натаму е на врвот

Всушност, да сум јас во нивните чевли, токму тоа би го направил – би одгледувал кокошки!”, изјавил Гејтс.

Loading...

Тој исто така објасни зошто би го направил тоа – “Кокошките не се скапи за одржување, тие се добра бизнис инвестиција и можат да го прехранат семејството” ..

Новинарот Крис Велер коментирал за неговото размислување:

Бил Гејтс: На што навистина нè учи коронавирусот?

Преку истражувања и патувања на запад во Африка, Гејтс открил дека во период од три месеци, сопственик на првично од осум до десет кокошки би можел да добие 40 кокошки. Со продажна цена од околу 5 долари од кокошка – тој видел дека тоа е просечната цена во Западна Африка, сопственикот може да заработува 1.000 долари годишно. А границата на екстремна сиромаштија е околу 700 долари годишно”.

Leave a Reply