Шпанија се бори со долготрајна суша

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во парламентот минатата недела дека верува оти акутната суша ќе стане една од водечките грижи за земјата во наредните години и дека овој проблем ќе биде во центарот на политичките и територијалните дебати.

Loading...

И покрај тоа што остатокот од Европа е релативно влажен и главно постуден овој месец, Шпанија моментално минува низ период на екстремно суви услови и брутални горештини кои се закануваат да го соборат рекордот за највисока температура во април.

Метеоролозите најавија дека живата во термометарот деновиве може да се искачи до 40 °C.

Станува збор за температури кои се типични за јули и повисоки од претходната највисока априлска температура од 37,4 °C измерена во градот Мурсија во југоисточна Шпанија во 2011 година.

Но, во светло на климатските промени, ова не е ништо ново за земјата на југот на Европа.

Минатата година беше шеста најсушна и најжешка досега во Шпанија, 1,3 °C потопла од просекот од 1960-тите.

Високите температури и недостигот на врнежи траат изминативе три години, па земјата минува низ долг период на суша.

Се поочигледно е дека на Шпанците им претстои уште една година која ќе биде обележана со топлотни бранови и шумски пожари.

Loading...

Според досегашните пресметки, се предвидува дека и во текот на летото температурите ќе бидат повисоки од вообичаените.

Еден од регионите најтешко погодени од сушата е Каталонија во североисточна Шпанија. Оваа автономна заедница, во која се наоѓа Барселона, е населена со 7,5 милиони луѓе.

Во Каталонија, според властите, во септември може да се случи вонредна ситуација поради суша.

Нивоата во акумулациите за вода кои го снабдуваат локалното население се намалени на само 27% од капацитетот, пишува Дојче веле.

Претседателот на каталонската влада, Пере Арогонес, ја опиша сушата како една од најлошите во последните педесет години и најголем проблем со кој се соочуваат во моментов.

Како што изјави Драгана Бојовиќ од Центарот за суперкомпјутери во Барселона во интервју за Данас, јавната подготовка за недостиг на вода во Шпанија, кој неминовно ќе се случи, започна пред неколку месеци.

„Прво се укинаа јавните чешми што посетителите сигурно го забележаа, потоа имаше забелешки дека ќе престанат да се наводнуваат парковите и зелените површини и на крајот апелира да се почне да се штеди водата“, рече Бојовиќ. „Сето ова е насочено кон одржување на водните ресурси што е можно подолго, како и ограничувањата да не бидат преголем шок.

Постои можност за ограничување на користењето на водата во земјоделството и индустријата, што веќе се случи во ноември 2022 година во Каталонија.

Loading...

Со мерката потоа се забранува и користење на вода за миење возила и полнење базени.

Климатските промени предизвикаа почести и поинтензивни топлотни бранови во многу медитерански земји, кои се придружени со драматични последици како суши, екстремно високи температури, шумски пожари и неуспешна жетва.