Шпанија населува напуштени делови од својата територија со мигранти

Сподели со своите пријатели

Шпанските општини и невладините организации одлучија да поттикнат населување на напуштените области во земјата и да ги спасат од исчезнување.

Loading...

Од 2020 година, проектот на здружението „Градови со иднината“ смести 25 семејства – исклучиво странци – во 19 градови во провинциите Гвадалахара, Куенка, Мадрид и Сарагоса, пренесува El Pais.

Хуан Гозо од Венецуела се преселил со својата партнерка Мариела Орта и нивниот шестгодишен син Пјетро во Сируелос дел Пинар, шпански град со само 30 жители.

Гоцо е адвокат, а Орта е стоматолог, но тие се договориле да започнат нов живот во Шпанија и да водат бар во тој мал град.

„Според нас, се што ни беше понудено беше многу подобро од она што го имавме“, признава Гоцо.

„Обично на луѓето им наоѓаме работа, куќа, ги плаќаме трошоците за првиот месец на живеење, како и депозит. Исто така, ги координираме училиштата за децата, па дури и даваме микрозаеми на семејствата“, објаснува Пас Ниела, член на Организација „Градови со иднината“.

Во замена за управување со барот, кој опслужува 25 лица во најфреквентните денови, општината на Гота и Орта им дава куќа на располагање.

„Ќе направиме се што можеме градот да не умре“, ветува градоначалникот на Сируелос, Хесус Салгадо.

Loading...

Од 1900 година, шпанската популација, која сега достигнува 47,6 милиони жители, пораснала 2,5 пати, но не рамномерно низ целата земја.

Во последната деценија, три од четири општини во Шпанија го изгубиле своето население, се вели во документот на Генералниот секретаријат за демографски предизвик.

Студијата „Депопулација на внатрешноста на Шпанија“, подготвена во 2021 година од аналитичкиот центар Функас, заклучува дека најпогодени се Кастилја и Леон, Арагон, Кастилја-Ла Манча, Екстремадура, Ла Риоха, внатрешноста на Галиција и источниот дел на Андалузија.