Шест нови случаи во Куманово, еден во Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово во изминатото деноноќие регистрира седум нови случаи на коронавирус.

Loading...

Како што информираше директорот на ЦЈЗ Куманово Ариф Љатифи, шест од случаите се од Општина Куманово, еден од Општина Липково.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.

Направените 1086 теста се преку: ИЈЗ –527, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –95, Биотек –125, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Судска медицина-4, Систина со PCR метода -134 и ЦЈЗ Битола-30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.

Loading...

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply