Шест милиони денари инкасираше општината од урбаната опрема

Сподели со своите пријатели

До Секторот за комунални дејности при Општина Куманово во текот на изминатиот период пристигнале околу 70 барања за поставување урбана опрема од угостителските објекти во градот, при што во општинската каса биле инкасирани приближно шест милиони денари, рече денеска раководителката на Секторот Лидија Ланг Спасовска, одговарајќи на советничко прашање.

Loading...

– Од страна на Секторот се одобрени 45 и по истиот основ се приберени околу 6 милиони денари, за сите останати кои немаат обезбедено одобрение се водат постапки во Секторот за инспекциски надзор, рече Ланг Спасовска.

Како што констатираше советникот Благојче Јаќимовиќ, кој го постави прашањето, за разлика од минатогодишните еден милион денари, ова е задоволителна сума.

Тој упати апел да се пристапи кон преземање соодветни мерки кон оние кои немаат дозвола, а поставиле урбана опрема на јавни површини.

Leave a Reply