Шест литри дожд наврнаа во Куманово, стабилизација дури од петок

Сподели со своите пријатели

Шест литри дожд на метар квадратен во текот на изминатото деноноќие наврнале во Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Денеска на места врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 ) особено во источните делови, проследени со грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град.

Утре ќе се задржи променливо облачно време, а во четврток ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи.

Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Leave a Reply