Шекеринска: Историска грешка е што државата ги изгуби подобрите години за проширување на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Историски казнива грешка е што нашата држава ги изгуби подобрите години за проширување на Европската унија, рече министерката за одбрана и вицепремиер во Владата Радмила Шекеринска која денеска присуствуваше на одбележување на денот на Здружената оперативна команда во кумановската касарна.

Loading...

– Не можеме назад да го вратиме времето, но можеме да спречиме повторување на грешките. Покажавме дека државата не ги повторува грешките, сега на потег се европските лидери, рече Шекеринска.

Како што рече таа за само две години Македонија од земја која немала ниту европска ниту НАТО перспектива стигнала до членство во Алијансата и за прв пат по 2005 година за неа дискутираат европските лидери.

– Единствената пречка или бариера која стои меѓу нас и почетокот на преговори со Европската унија не се нашите задачи, тоа дури најскептичната земја, Франција, го кажа, од наша страна нашите обврски се завршени, единственото што стои помеѓу нас денеска и почетокот на преговори е реформата која Франција ја заговара, предвидува и бара и во поглед на внатршените состојби во унијата и во поглед на самиот процес на проширување, додаде министерката Шекеринска.

Коалиционите партнери во Владата, како што додаде таа, имаат консензус по двете стратешкипрашња и не гледа никаква причина да се создаваат дилеми во коалицијата.

Leave a Reply