Северна Кореја има најниска стапка на смртност од коронавирус, научниците се сомневаат во бројките

Сподели со своите пријатели

Според севернокорејските власти, досега во таа земја со корона вирусот се заразени околу 3,3 милиони луѓе, а 69 од нив починале.

Loading...

 

 

Според тие податоци, стапката на смртност е околу 0,002 отсто, најниска во светот.

Според агенцијата АП, тоа не успеало во ниту една друга земја, дури и во најбогатите.

 

Loading...

 

Досега, повеќе од шест милиони луѓе починале од Ковид-19 во светот.

Сепак, сите се сомневаат во бројките на Пјонгјанг и се верува дека починале многу повеќе луѓе отколку што тврди Северна Кореја затоа што мал број луѓе се вакцинирани, има многу неухранети луѓе во земјата, а нема доволно капацитети за интензивна нега и тестирање.

 

 

Научниците тврдат дека бројките пријавени од властите се научно невозможни и неприфатливи.

 

Loading...

 

Сепак, поради нетранспарентност, невозможно е да се одреди вистинскиот размер на епидемијата во таа земја.