Северна и Централна Европа ги очекува заладување следната недела

Сподели со своите пријатели

Американската компанија Maxar Technologies денеска објави временска прогноза според која следната недела студено време ќе ја погоди северна и централна Европа, а во наредните денови се очекува рекордно количество електрична енергија од енергијата на ветерот во тие области, пренесува Bloomberg.

Loading...

По период на релативно топло време, температурите во Северна и Централна Европа, вклучително и големите градови како Лондон, Париз и Берлин, ќе се спуштат до бројки кои се вообичаени за овој период од годината, прогнозира „Максар технолоџис“.

Се очекува во наредните денови да се произведува рекордна количина на електрична енергија од енергијата на ветерот.

Според моделите на Блумберг, на 1 февруари енергијата на ветерот ќе обезбеди речиси 50 гигавати електрична енергија за Германија и повеќе од 20 гигавати за Велика Британија.

„Максар технолоџис“ предвидува дека во Европа потребата од греење на домаќинствата оваа сезона ќе трае 78,6 дена, што е во согласност со десетгодишниот просек.