Семинар за традиционална музика и игра Шопци и Которци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжува континуитетот на Семинарот за традиционална музика и игра кој се оддржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

При неговото создавање во 2022 година се водевме од една важна премиса „само преку спознавање на локалното, може да се стигне до глобални знаења“. Оттука беше и оддржан првиот семинар под слоганот „Од Средорек до Дурачка Река“, разработувајки ги етничките предели Жеглигово, Средорек, Западен дел на Славиште, Источен дел на Славиште и Дурачка Река. Со тоа се постави хоризонтална отсечка од пределот кој некогаш бил сместен во околината на градот Куманово се до пределите во околина на градот Крива Паланка.

Доколку се водиме од фактот за богатата локална традиција на нашите предци несомено една година е мал период за „осознавање на локалното“. Оттука и во новата 2023 година целејќи кон глобалните знаења нашиот фокус останува на научно и практично осознавање на локалната традиција, традицијата на нашите предци. Оваа година семинарот повторно ќе повлчече отсечка, но овој пат по вертикала. Центарот на нашето условно речено „поаѓање“ останува градот Куманово, односно некогашниот етнички предел Жеглигово. Отсечката ја повлекуваме кон југ односно кон етничкиот предел Овче Поле. Различната материјална и духовна култура била значајна бариера во минатото. На потегот од Куманово кон Штип и Свети Николе кон крајот на XIX век живеело население со идентична раса, верска и национална определба но други фактори правеле значајна поделба меѓу нив. Имено, визуелниот момент бил главниот маркер за нивна детерминираност како „различни“. Доколу Куманово е точката А на нашата отсечка, а Штип е точката Б, ќе сретнеме два различни називи за насленето ШОПЦИ И КОТОРЦИ. Водејки се од денешните сфаќања, може да заклучиме дека на овој простор живеело идентично население, од иста раса, припаѓа на иста националност и говори ист јазик. Тогаш кој е конфликотот кој ја создава оваа дерминација на ШОПЦИ И КОТОРЦИ? И конечно доаѓаме до главната речица која ќе биде носител на овој семинар: „НЕ ИМ Е ПОКРИЕНА СЕДНАЧА“!

Концептот на семинарот за традиционална музика и игра, се заоснова на два фундумендални постулати, односно на теоретски и практични знаења. Во првиот дел од семинарот, ќе се реализира мастер клас на тема ШОПЦИ/КОТОРЦИ, кои ќе ги објасни етничките разлики помеѓу споментатите етнички групи. Семинарот ќе овозможи осознавање на овој дел од традицијата преку визуелниот сегмент, еден од најзначајните извори за науките поврзани со традицијата. Ќе бидат прикажани етнолошки филмови и традиционални носии. По воспоставените теоретски знаења вториот дел на семинарот за свој фокус ќе има практична работа. Од најархаичните обредни игри до соборски ора, како и од обредни вокални напеви до соборска музичка традиција.

Семинарот за традиционлна музика и игра ќе понуди од базични етнолошки и етнокореолошки информации до врвни научни дострели по прашање на овие науки.

Мастеркласот и останатите работилници ќе го оддржат етнокореологот Бојан Петковски и етнокореологот Симона Китановска. Предавачите се млади кадри, но веќе етаблирани во својата дејност.

Семинарот е поддржан од страна на Министерството за култура како проект од нациоанлен интерес за културата, а ќе биде оддржан на 8 и 9 Мај од 10:00 часот, во фоајето и големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Интегрално соопштение

Loading...