Секаков вид на потрес може да доведе до рушење на столбот на Искрин Мост

Сподели со своите пријатели

Еден од столбовите на мостот на реката Пчиња на регионалниот пат Куманово – Свети Николе е во лабилна состојба и е изместен за 70 сантиметри, појаснуваат денеска од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), откако Искрин мост ненајавено беше затворен за сообраќај во петокот.

Loading...

Како што велат од ЈПДП, Во поплавата во јануари 2021 година дошло до поткопување на темелите на Искрин мост и затоа на барање на изведувачот од месец јануари до сега неколку пати стручни лица кои учествуваат во санацијата на мостот излегле на терен, и заклучиле дека мостот заради безбедносни причини мора да биде затворен за сообраќај.

– Искрин мост е затворен за секаков вид на сообраќај поради тоа што еден од столбовите означен како С5 е во лабилна состојба, односно има хоризонтално поместување од 70 цм и секаков вид на потрес, движење на тешки товарни возила, земјотрес или поплава може да доведе до рушење на столбот. Мостот е првично затворен за сообраќај за 100 дена, за кое време е предвидено да се санира столбот С5, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

 

Проблем со носечки столб на Искрин мост, причина за неговото затворање

 

До санацијата на столбот, појаснуваат оттаму, тешките товарни возила кои сообраќаат за Сети Николе се пренасочени по автопатот А4 Миладиновци– Свети Николе–Штип, додека за локален транспорт на лесни возила и земјоделска механизација изведувачот на работите обезбедува локалнен пат за премин преку река Пчиња.

– По завршување на санација на столбот С5, повторно ќе биде воведен времен режим на сообраќај како што беше и претходно со семафорско решение или движење на возилата по една страна на мостот се до целосната санација на мостот, стои во соопштението.

Loading...

Рокот за санација на мостот е август 2022 година, а досега, според ЈПДП, е сработено 65 % од предвидените санациони работи.

Реконструкцијата на мостот ќе ги чини граѓаните два милиони евра.

Никола Ивановски

Leave a Reply