Седум припадници на сириските сили загинаа во напад на џихадистите на Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум припадници на прорежимските сили се убиени во напад на џихадистите на Исламската држава (ИД) во Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).

Loading...

„Напаѓачите на мотоцикли отворија оган врз воена пункта и убија најмалку седум прорежимски борци“, изјави директорот на невладината опсерваторија, Рами Абдел Рахмане.

Меѓу убиените припадници на режимските сили има Сиријци и странци.

ИДФ неодамна ги засили нападите во Сирија, особено од огромната сириска пустина каде што нејзините борци се повлекоа откако изгубија голем дел од територијата што претходно ја контролираше екстремистичката организација.