Се запали автомобил во движење во Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобил во движење вчера се запалил во Куманово, информираат денеска надлежните институции, при што потенцираат дека во случајот нема повредени.

Loading...

– На 06.12.2021 во 10.06 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Индустриска“ настанал пожар во патничко моторно возило во движење „даеву матиз“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Р.(56), информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, во гаснењето на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 10:04 до 10:22 часот.

Никола Ивановски