Се укинува јавниот и меѓуградски превоз во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дополнителни мерки на ограничување на движењето од денеска ќе стапат на сила за Куманово.

Loading...

Станува збор за забрана за јавниот градски превоз и укинување на сите меѓуградски линии од и кон Куманово, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Воедно ќе се затворат сите продавници во трговски центри од отворен тип.

– Прво ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз, меѓу Куманово и останатите градови, се укинува градскиот превоз во Куманово, да се затворат сите продавници во трговски центри кои не се молови, но се полуотворени трговски центри, не се класично затворени и донесовме одлука со која Институтот за јавно здравје се задолжува за поинтезивна работа во кумановскиот регион, затоа што едно од медицинските лица кое е позитивно живее во околината Куманово. Со овие мерки, дополнително укинување на врските има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на вирусот, изјави министерот Филишче.

Како што информираше тој три медицински лица, двајца лекари и медицинска сестра се позитивни на вирусот, но директорката на кумановската болница во меѓувреме информираше за уште една медицинска сестра кај која е потврдено присуство на вирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply