Се скарал со другарот поради мајонез, па му го сомелел телото на паркингот

Сподели со своите пријатели

Човек од Ајова е осуден на доживотен затвор поради страшното убиство на својот пријател по расправија за мајонез.

Loading...

Кристофер Ерлбахер (29) на крајно брутален начин го убил Калеб Солберг (30), така што три пати го прегазил со својот камион и буквално му го сомелел телото на паркингот во ресторанот.

Двајцата пиеле во локалниот бар во Мурхед, кога Ерлбахер на шега ставил мајонез врз храната на Солберг и го намачкал.

Солберг се налутил и се степале. Дошол и полубратот на Солберг, Крег Прајор и пресметката се преселила на паркингот.

Ерлбахер влегол во својот камион и прво удрил во автомобилот на Прајор, а потоа налетал на Солберг, кој стоел на паркингот.

Го удрил со камион и го прегазил, но не го убил на лице место.

Има и видео од инцидентот на кое се гледа дека Солберг е сè уште жив и вика брат му да му помогне, но потоа Ерлбахер преминал на рикверц и уште еднаш го прегазува. Потоа тргнал напред и по трет пат го прегазил.

Грозоморното убиство се случило во декември 2020 година, а Ерлбахер беше осуден во декември минатата година. Тој сега е осуден на доживотен затвор.

Loading...