Се преврте брод со мигранти во Грција

Сподели со своите пријатели

Три момчиња и една жена загинаа кога брод со најмалку 41 мигрант се насука на карпестиот брег на грчкиот остров Лерос, соопштија синоќа локалните власти.

Loading...

Грчката крајбрежна стража соопшти дека примила повик од лице кое видело тело како лебди во морето, пренесе АП.

Три брода и еден хеликоптер со помош на копнени сили стигнале на местото на несреќата и го извлекле телото на жената, онесвестеното момче и уште 39 лица.

Тројца малолетници како и двајца возрасни се хоспитализирани вчера попладне, додека останатите се префрлени во бегалски камп.

Островот Лерос се наоѓа во близина на турскиот брег.